После овој натпревар кој го одигравме со Франција можеме да заклучиме дека нашите спортисти премногу се замараат со нивните противници пред натпреварите. Сите кошаркари знаеа дека играат против одлично физички подготвен состав, предводени од Тони Паркер и се предадоа уште пред да стапнат на теренот.
Самата изјава на франзускиот селектор го кажува тоа: “Сакавме уште од старт да ги притиснеме, да одиграме максимално. Видовме на претходните дуели дека ако Македонците започнат да ја играат својата игра, тогаш ќе биде тешко да се запрат. Она го што го планиравме го исполнивме и натпреварот беше решен уште не полувреме.“

Капак на се беше што Французите започнаа уште и фуриозно, дрско. На Направија стартна серија од 17:3, при што првите 8п беа со забивања, цепелини, воиграни акции. при тоа не удрија и по некоја “банана“ на нашите високи играчи и нашиот морал и самодоверба кој и така беше низок, падна на нула, па како да гледавме исплашени мали дечиња на теренот. Се плашеа да влезат, да шутнат. Французите едноставно си се шетаа низ нашата одбрана и без никаков проблем поентираа. Затоа и на полувреме заминаа со убедливи +31(49:18).
Ние постигнавме по 9п во двете четвртини. Во овој дел имавме 7/23 шут од игра со 6 изгубени топки. Во првата четвртина имаше период од 5 минути без постигнат кош, тоа беше после нашето водство од 3:2, а по започнувањето на втората четвртина, исто цели 4 и пол минути немавме постигнато поени.
Второто полувреме беше само рутина и за двете репрезентации. Доброто е што на карј успеавме да се спуштиме под 30п што со оглед на околностите е добар крај. Конечниот исход е 83:57.

Ќе се обидеме да го заборавиме овој натпревар кој едноставно беше срамота за нашата кошарка и ќе гледаме да се подобриме што е можно побрзо и да се мотивираме за престојните два дуели кои се со далеку послаби состави.
Сепак останува фактот дека повторно се предаваме без борба и само и дадовме полесен тренинг на Франција која едноставно ни одржа вистинска лекција по модерна кошарка. Да не заборавиме дека Франција прилично се помачи против Летонија во второто коло, а ние завршивме пред Летонците во квалификационата група, еднаш ги совладавме и во Летонија загубивме со тројка во поседна секунда. Сите три репрезентации играа со истите состави.
Нашите шанси за пласман во четвртфиналето сеуште се тука. Во недела играме со Германија и ако ги победиме ќе го играме решавачкиот дуел со Русија кој би требало да одлучи дали ќе влеземе во четвртфинале.
Со Германците одигравме два дуела во подготовките, на едниот победивме, другиот минимално го загубивме. Со Русите на подготовките во Словенија исто минимално загубивме и реално е да очекуваме позитивен исход во овие два натпревари. Повеќе од објективно е да ги победиме Германците.
gringo/sportski.mk