Даниел Мојсов е роден на 25.12.1987 год. во Кавадарци. Својата кареиера ја започнал во Тиквеш од Кавадарци. Во сезоната 2007/08 преминува во Македонија Ѓорче Петров каде што и игра моментално. Има одиграно 2 натпревари за Македонскта сениорска репрезентација. Додека пак за младинската репрезентација(до 21год) има одиграно 7 натпревари. Може да игра и како централен одбрамбен и како деструктивец.
На колку години Мојсов започна да тренира т.е кога си го имал првиот контакт со топката?
Мојсов:“Мојот прв контакт со топката беше на 7 или 8 годишна воздраст. Почнав да ги следам стапките на мојот татко кој исто така беше фудбалер.“
Сега имаш 21год и знаејќи ги условите кој ги нуди мак-фудбалот(и колку беа лоши кога ти си започнал да тренираш) што е тоа што те натера да одбереш фудбал?
Мојсов:“ Па добро мак-фудбалот не нуди кој знае какви услови. Тогаш и не беа до толку лоши. Се тренираше под прилично добри услови, единствено терените беа навистина во лоша состојба. Истото е и сега и мислам дека надлежните лица во ФФМ ќе треба да превземат нешто за да ги подобрат.
Што е тоа во што Мојсов се разликува од остантите фудбалери!?!
Мојсов: “Може се разликувам по тоа што сум роден победник. не сакам да губам воопшто. Секако тука е и мојот талент даден од бога, желбата за победа, дрскоста, мојата физичка подготвеност, инаетот и други некои работи кои се поврзани со фудбалот.“
Kој ти е присрце, Тиквеш или Македонија Ѓ.П!?!
Мојсов: “Се разбира дека клубот во кој сте ги направиле првите чекори, засекогаш ќе ви биде бр.1. Но сега сум во Македонија Ѓ.П. и тие ми се моментално при срце. Доста напредував тука.
Која е целта на Мојсов со Македонија Ѓ.П, и дали ќе остане со тимот и наредната сезона!?!
Мојсов: “Мојата цел со Македонија Ѓ.П е да ја освоиме двојната круна Искрено незнам дали ќе останам и наредната сезона тука.“
Дали има понуди од странство и ако има од кои првенства се клубовите кои се најзаинтересирани!?!
Мојсов: “Да, да има заинтересираност за мене од странските првенства. Се работи за клубови од Русија, Германија, Холандија, колку што јас знам.“
Дали на пример ако Ѓорчепетровци ти понудат ист договор како и странската екипа, предност би добила Македонија или странство по секоја цена!?!
Мојсов: “Не би останал тука. Сакам по секоја цена да играм во странство.“
Во кое првенство Даниел најдобро би се вклопил, а од друга страна во кое првенство би сакал лично тој да игра!?!
Мојсов: “Моја желба е да играм во Англија и мислам дека и тој фудбал највеќе ми лежи.“
Кога сме кај тоа, кој му е омилен клуб и за кого без размислување би прифатил да игра!?!
Мојсов:“ Мојот омилен клуб е Манчестер Јунајтед и за него без никакво двоумење би прифатил да играм. И пеш би одел до Англија само за да ми се исполни таа желба(

).“
Одиме на репрезентативен план! Какво беше чувството кога разбра дека за прв пат си на репрезентативниот список, опиши ми, што, кога, каде???
Мојсов: “Ауууу, чуството беше феноменално. Ми се стресоа нозете, почнав да се ежам и да се радувам како мало дете кога слушнав на вестите. Прв пат бев повикан на дуелот со Полска, пријателскта во Германија. Не влегов во игра тогаш, но со самото тоа што и бев на клупа не ми се веруваше, мислев дека сонувам.“
Се надеваш ли дека и новиот селектор ќе смета на тебе и на наредните натпревари!?!
Мојсов: “Па искрено незнам. Сепак јас ќе си работам своето најдобро што можам и се надевам дека ќе му свртам и него вниманието.“
Кои се шансите на Македонскта фудбалска репрезентација за да избори бараж за СП 2010 во Јужна Африка!?!
Мојсов: Мислам дека сеуште имаме шанси за да се избориме за бараж на СП во Јужна Африка 2010, Ништо уште не е готово. Тесна ќе биде нашата група до крај.
И за крај...Кои се твоите соништа во врска со фудбалот и твојата кариера!?! Што е тоа што ти е најбитно сега во животот!?!
Мојсов: “Како што кажав и претходно, мојата најголема желба е да заиграм за најдобиот клуб на светот Манчестер Јунајтед. Моментално само фудбалот ми е во главата.“
gringo/sportski.mk