Дури пет репрезентации се со 100% учинок по првите две кола. При тоа во групата Д имаме две селекции, дмоаќинот Полска и Турците.
Во нашата група Грците покажаа дека се најквалитетниот состав од овие четири репрезентации и убедливо со 76:68 ја совладаа Хрватска. Оваа победа значеше дека ние за прв пат во нашата историја изборивме пласман во втората фаза на едно големо кошаркарско натпреварување. Нашиот јужен сосед започна фуризно исто како и кога играше против нас. На полувреме имаа +21(52-31). Потоа малку Хрватите се совземаа и до крај успеаа само да ублажат, иако на 2мин до крај стасаа на само -6, сепак премногу ќе беше да се прокоцка толкава предност. Бурузис со 19п 8с беше најзаслужен за триумфот, додека Укиќ со 15п и Никола Вујчиќ со 13п беа најдобрите кај “коцкестите“.

Во групата Б најголемото изненадување го приреди Германија која го совлада европскиот првак Русија со 76:73. “Панцирите“ имаа дури +19 во вотрата четвртина, но “зборнаја“ успеа да се врати на само -1(66:65), но младиот Бензинг погоди тројка во последната минута за да се одлепат Германците и да забележат многу битна победа. Вториот “Новитцки“, Јагла, беше најефикасен со 19п, а кај Русите Покрасов имаше 12п колку што и имаше Кели МекКарти. Русите имаа неверојатни 21 промашени слободни фрлања.
Во вториот натпревар од оваа група Франција со 60:51 ја совлада Летонија. Критчна за победата беше серијата на Франција од 15:2 на стартот од второто полувреме кога и го свртија резултатот во своја корист 38:35. тогаш се разигра Тони Паркер кој заврши со 23п од кои 21п во вториот дел. Повторно најефикасен кај Летонија беше Камбала со 18п, а нивниот најдобар играч Бједринс повторно немаше своја вечер, заврши со 6п 20с.

Во Ц групата Словенија продолжува со својата сигурна игра. овојпат тие ги совладаа Србите со 80:69. Да потсетиме само дека Словенија отсекогаш игра вака, одлично во групите, но во елиминационите натпревари едноставно се губи. Словенците скоро цел натпревар одржаваа двоцифрена предност, највеќе +17(47:30). Боштјан Нахбар со 17п 9с беше најдобар кај победничката екипа, тука некаде беа и Јака Лаковиќ и Горан Драгиќ со по 16п.
Првата победа ја забележа и Светскиот првак Шпанија. Ова беше и најинтересниот натпревар. Британците на почетокот на последната четвртина направија фантастична серија od 17:3 и успеаа да поведат со 73:69. Сепак потоа Шпаниците вратија со серија од 11:0 и успеаа да спречат сензација. Ако го загубеа овој дуел тие ќе се пакуваа за дома. По Гасол имаше дабл-дабл ефект 27п 11с.

Најголмото разочарување на овој турнир дефинитивно се Литванците. овојпат тие загубија од домаќините со 86:75. Полјаците може да се рече дека се најпријатното изненадување. Клучна беше серијата на Полска од 9:0 на стартот на втора четвртина кога и се одлепија на +9 (36:27). Во последната четвртина тие имаа и +17 (75:58). Центрите им беа незапирливи, Мартин Гортат имаше 15п 17с, додека Лампе 22п, натурализираниот Полјак Логан заврши со 19п.
Вистински дебакал доживеаа нашите источни соседи кои загубија со 94:66 од Турција. Бугарите се држеа колку толку во првиот период, но потоа Туците притиснаа и на полувреме заминаа со +23. Оваа предност беше искористена да се одморат двајцата најдобри кошаркари кај Турците Туркоглу и Илјасова кои одиграа само по 15 минути.