Србите ја совладаа Шпанија
08/09/2009 01:54


Првиот ден на европското првенство во кошарка кое се одржува во Полска помина. Најголемо изненадување е победата на Србија над фаворитот за освојување на титулата, актуелниот светски првак Шпанија.


Србите беа доста убедливи 66-57, после три четвртини веќе се знаеше победникот и последната четвртина Шпаниците ја искористија за да го намалат водството од +19. Очаен беше шутот за 3п (2-19) на “црвената фурија, но мора да се признае дека и Србите одиграа одлично, особено Ненад Крстиќ кој беше незапирлив и заврши со 17п.  


Во истата група Ц, Словенија и не толку лесно  го победи аутсајдерот Велика Британија. Иако резултатот е 72:59, сепак во последната четвртина се влезе со +4 за Словенците и тој дел беше и клучен за нивната победа. Еразем Лорбек со 19п беше најефикасен на натпреварот.


 


Во нашата група во доста изедначен натпревар Хрватите во последните моменти го спасуваа натпреварот и евентуално изненадување. Клучен беше кошот на Лени Укиќ кој на 30 секунди пред крајот погоди од тешка ситуација за 82:77. Претходно Марко Поповиќ постигна две клучни тројки. Нешто што особено треба да не плаши од овој дуел е што Израелците беа конкурентни без својот најдобар играч Јотан Халперин кој беше тотално индиспониран. Неговата улога ја превзема Елијаху кој беше фантастичен, тој беше играч на колото. Постигна 31п со шут за два 13/17. Одлична партија одигра и вториот бек Мекел кој заврши со 16п. Кај Хрватите Никола Вујчиќ заврши со 21п, а Укиќ, Поповиќ и Давор Кус со по 13п.


 


Во Б групата актуелниот шампион Русија ја совлада второпласиранта репрезентација во нашата квалификациона група, Летонија, со 81:68. Херои на “Зборнаја“ беа Биков и натурализираниот Американец Кели МекКарти. МекКарти заврши со 24п 9с, додека плејот на Русите имаше 21п. 


Во вториот дуел во интересна завршница Франција ја совлада Германија со 70:65. Шулце промаши шут за три поени на 19 секунди пред крај за да го однесе натпреварот во продолженија. Паркер со 19п 6с и 4ас беше најзабележителен кај “триколорите“, Туријаф имаше дабл-дабл 15п 14с. Шулце со 13п беше најефикасен кај Германиците.



Во Д групата домаќините стартуваа со победа над Бугарија од 90:78. Пољаците скоро цел дуел го одиграа со стартната постава. Натурализираниот Пољак дејвид Логан беше најзаслужен за победата и на крај имаше учинок од 23п. Игнерски постигна 22п, додека центарот на Орландо Марцин Гортат заврши со дабл-дабл 18п и 10с. Кај Бугарите Ерл Роланд постигна 20п, а Дејан Иванов 18п.


Во дербито на оваа група, а може да се рече и на цело ова прво коло Турците ја совладаа Литванија со 84:76. Во последната четвртина се влезе со +2 за Турција и тоа беше последна шанса за Литванците да се вратат во натпреварот, но не успеаа. Кај Литванија запрен беше Кристоф Лавринович на само 4п, па и комплетната прва постава. Најефикасни беа резервите Петравичиус 21п и Јасаитис 14п. Кај Турците Туркоглу имаше 19п, Илјасова 17п, а Ендер Арслан 16п.

Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0255][82]