Јане Николовски: Македонија има една цел, победа
01/09/2009 12:29


Во изјава за шкотскиот Daily express нашиот прв голман Јане Николовски самоуверено најави дека Македонија оди на Хемден Парк со само една цел, победа.


“Ја студиравме играта на Шкотска на дуелот што го одиграа во Осло и очигледно е дека тие немаат никаков напредок. Напротив тие дури одиграа полошо отколку на дуелот кој ние го добивме во Скопје со 1:0.“


“Забележав дека генерално нивната форма е во надолна линија и мислам дека стануваат се по нервозни како одминува времето и се доближува натпреварот бидејќи се плашат да не изборат место во баражот за СП 2010.“


Доаѓаме во Глазгов со многу самодоверба и со само една цел, победа. Убедени сме дека ако го добиеме овој натпревар ќе завршиме и како второпласирани во групата.“


Целиот притисок е на Шкотска и ако ние постигнеме први гол како што го сторивме тоа во Скопје, ќе биде трчање по жешка песок за нив.“ - заврши Јане Николвоски. 

Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0390][93]