СО ПОЧИТ
FAMILY AERODROM
СООПШТЕНИЕ
Навивачката група Фемили Аеродром ги повикува, не само своите членови и симпатизери на кошаркарскиот клуб Мзт Скопје, туку и сите искрени љубители како на спортот, така и на кошарката, да излезат во што поголем број и да се обидат да го одржат во живот еден од последните бастиони на македонскиот спорт, екипата на Мзт Скопје. Како што знаеме, кошарката и спортот воопшто се игра за публика, а едно од последните упоришта каде љубителите на кошарката непрекинато доаѓаа во последниве години не земајќи го предвид квалитетот на лигата, е секако Мзт Скопје. Тоа е бренд, тим со традиција, тим кој го дава најголемото спортско дерби во државава, тим кој има душа, тим кој има срце...тим кој сигурно заслужува да се прекрши статутот на Кошаркарската Федерација на Македонија и да му се дозволи еден продолжен мини рок во кој Мзт СКопје би ја составил екипата и би се одржал во живот.
Мзт Скопје е синоним не само за кошарката туку и за македонскиот спорт воопшто. Тоа е тимот на кој му се препишуваат историски успеси на меѓународната сцена, тим со голема традиција, тим со огромна база на навивачи и симпатизери, тим за кој вреди да се прогледа низ прсти и да се замиже со едното око пред статутот на МКФ, бидејќи кошарката без Мзт Скопје дефинитивно нема да биде иста. Па затоа искрени љубители на спортот, симатизери на Мзт Скопје, и не само на Мзт Скопје придружете ни се во четврток на 3-ти Септември во 19:00 часот пред трговскиот центар Бисер во нашиот мирен марш низ населбата Аеродром за да покажеме дека искрено го сакаме спортот, дека искрено ја сакаме кошарката и да му ја овозможиме шансата што живот значи на нашиот Мзт Скопје, бидејќи со евентуалното непрологирање на рокот од страна на МКФ ќе се предизвикаат последици со огромни размери, во кои најголеми губитници ќе бидат искрените љубители на спортот, а не навивачите на Мзт Скопје затоашто Мзт Скопје никогаш нема да престане да живее во Аеродром. 