МЗТ Скопје го победи Амак!
01/05/2009 01:40

Сензационална победа на "металците" во мечот кој одлучуваше за последниот патник во полуфиналето во нашата најквалитетна кошаркарска лига. Екипата на МЗТ СКОПЈЕ со победа од 89-88, го елиминираа фаворизираниот Охридски тим, АМАК СП и направија вистинско изненадување со пласманот меѓу четирите, последни, екипи кој ќе се борат за титулата во домашното првенство.


Речиси никој не очекуваше дека втора година по ред, тимот на МзТ ќе го помине Амак. Особено не, по случувањата во текот на целата сезона. Депримирчки делуваше тимот од Аеродром кон крајот на сезоната додека Охриѓани ја испишуваа историјата за својот клуб. Титулата во Купот, поквалитетниот играчки кадар и пред се домашниот терен одеа во полза на Амак пред овој двобој, сепак Боби Митев, препородникот на "металците" успеа да направи вистинско чудо, од кога го превзеде тимот, и како резултат на тоа да ја елиминираат екипата која беше една од кандидатите за највисок пласман.


"Билјанини извори" беше местото каде што се решаваше судбината на овие екипи. Домашните сезонава немаа загубено натпревар против МзТ на свој терен, но ете кога најмногу требаше тие потклекнаа пред предизвикот и втора година по ред се елиминирани во оваа 1/4 фаза токму од истиот противник.


А не изгледаше така на стартот. Брилјантно отворија домаќините, уште по првите 5 минути имаа двоцифрена предност, која рапидно растеше дури и до 21 поен позитива, за да на крајот на првата четвртина се отиде со резултат 33-17. Изгубен беше тимот на МЗТ во тие моменти. Можеби прична беше  тоа што стигнаа во салата само 45 минути пред стартот на мечот, поради проблеми со клубскиот автобусот, па делуваа некако отсутни, незаинтересирани...После такви фуриозни 10 минтути, сите, вклучувајќи го и Маријан Лаовски, предводникот на домашните, го видоа тимот на АМАК во 1/2. Си поигра со оган Лазовски и се изгоре. Ги уфрли во игра "децата" потценувајќи го противникот што на крајот и му се удри од глава. Гостинот стихијно, полека, се будеше и ја топеше предноста на домаќинот. Во преден план беше расположениот Дарко Радуловиќ кој во втората четврдина буквално играше симултанка. На полувреме се отиде со "високи" 10+ за Амак. На стартот на вториот дел, одново една серија на Амак за одлепување, на која бргу врати МЗТ. Траиловиќ овој пат беше тој што го држеше МЗТ во игра и што му овозможи во последниот период да се влезе неизвесно со резултат 71-66. А таму вистинско чудо. Гостите беа незапирливи. Функционираа одлично и во нападот и во одбраната. На три минути до крајот МЗТ за прв пат поведе во овој дуел и со една мини серија се одлепи на 87-82. Вратија Охриѓани со 6-0 за ново водство, но исто како и на претходниот натпревар, Дарко Соколов со мирна рака и релизација на слободните фрлања им ја врати предноста на гостите на неполни 20 секунди до крајот. Во последниот напад, Александар Софковски изблокиран во првиот обид, топката одново до него, шут и промашување. Огромна радост за гостинот кој прикажа поголемо срце, желба и мотивираност и кој по негатива од 21 поен успеа да се врати и да заслужено оди понатаму. Има за што да се радуваат Аеродромите, но има и за што да жалат Охриѓани кој на крајот мораа да подадат рака и да му честитаат на подобриот.


 


Најефикасни на мечот беа Дарко Радуловиќ од МЗТ и Војдан Стојановски од АМАК СП, со по 21 поен.


 


По овој натпревар се копмлетираа полуфиналните двојки па така од едната страна ги имаме Фершпед Работнички - Пелистер, а од друга Фени Индустри - МзТ Скопје (за потсетување само Фени влегува со предност од 1-0, додека во Скопско-Битолската пресметка предноста од 1-0 ќе ја има Работнички Фершпед)

Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0316][71]