Чикаго ги изненади ланските шампиони на нивни терен
19/04/2009 02:04

 


Бостон(0) - Чикаго(1)     97 - 97 прод 105 - 103


Ова беше доста густ натпревар. самиот факт што навјисокото водство на било кој од екипите беше +9 го кажува тоа. Дури 23 пати имаше промена на водството.


Чикаго го доби првото полувреме, пред се благодарение на одличната игра во напад, но и поради слабото шутерско издание на двете ѕвезди во тимот на Бостон. И Пирс и Ален имаа по 4п во првото полувреме кое Булс го добија со 53-44.


Во третата четвртина се разбуди Пол Пирс и се врати резултатската неизвесност, дури и четвртата четвртина се започна со водство на Селтикс. Потоа повторно Чикаго се одлепи на +5(84-79), за да Бостон врати со серија од 8-0 и поведе со (87-84). Потоа се играше кош за кош и се влезе во интересна завршница. на 12сек до крај при 96-95 за Бостон, Гордон промашува шут за два, но Селмонс со офанзивен скок им овозможува нов напад во кој е фаулиран Дерек Роуз кој ги погодува двете слободни и Чикаго поведува со 97-96. Последниот напад на натпреварот го имаа Бостон, Пол Пирс беше фаулиран од Ноа, но Пирс го погодува само првото слободно и имаме продолженија.


   


Во продолженијата Тајрус Томас беше клучниот човек, постигна 6 од 8те поени за својот тим и му помога на Чикаго да направи брејк на многу тежок терен. Неиграњето на Кевин Гарнет може е и клучно за овој пораз на Селтикс. Фантастичен натпревар имаше рукито Роуз. Го имаше најдобриот прв плеј-оф натпревар на било кој играч во својата руки година. Реј Ален имаше катастрофален шут од поле 1-12.


Чикаго: Дерек Роуз  36п 11ас, Бен Гордон 20п, Јоаким Ноа 11п 17с и Тајрус Томас 16п.


Бостон: Рондо 29п 9с 7ас, Пол Пирс 23п и Перкинс 14п 8с.


                



Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0363][85]