
Машката кошаркарска репрезентација на Македонија го освои третото место на меѓународниот турнир “Супер куп - Бамберг 2009“, кој се игра во Германија.
Нашите репрезентативци попладнево ја совладаа селекицјата на Полска со 95-88 (15:26, 21:25, 30:21, 29:16).
Иако на полувремето нашата селекција имаше негатива од 15-поени (36:51), сепак во второт дел на теренот доминираа нашите кошаркари.
Дури петмина играчи во македонската репрезентација, имаа двоцифрен број на постигнати поени: Џеремаја Мејси 17, Војдан Стојановски 15, Перо Антиќ 14, Диме Тасовски 11 и Дариус Вашингтон 10.
Во првиот натпревар на овој турнир загубивме од домаќинот Германија со минимални 78:77, иако скоро цел натпревар ние имамвме водство.
Освојувач на овој турнир е селекцијата на Хрватска која е и противник во нашата група за престојното ЕП во Полска кое ќе се одржи од 7 до 20-ти септември во Полска.
До крајот на подготвителниот период, нашите репрезентативци, ќе настапат и на популарниот “Ефес куп“ во Турција, каде ќе одиграат натпревари со Велика Британија и Летонија.