Интер - Лацио
30/04/2009 21:13

Може ли да се случи повторно? Или не?
На Интер им треба победа за да се осигураат дека нема да им се повтори 2001, кога токму против Лацио ја загубија титулата во последното коло.

Нероаѕурите водат на врвот на табелата, нивната предност беше намалена од 10 на 7 бода, по победата на Милан минатото коло, кога Интер не успеа да го искористи киксот на Јувентус и изгуби на гости кај Наполи. Втора година по ред ист резултат на Сан Паоло и ист стрелец. Овој стадион стана проклетство за Жулио Цезар.

Сепак нема причина за поголема паника бидејќи тој резултат заврши серија од 9 победи и 4 ремија од поразот со 3-1 од Аталанта на 18 Јануари. Исто така беше прв пат Интер да не постигнат гол по 23 Серија А мечеви.



Лацио имаат повеќе среќа кога не играат под притисок. Тие се во финалето на Копа Италија и на Јувентус му пружаа две одлични партии.

Ваков меч може да го покаже најдоброто од момците на Делио Роси, како Зарате кој треба да ја оправда цената од 16 милиони која му беше поставена. Горан Пандев и Симоне Инзаги се повредени, па се очекува во нападот на Зарате друштво да му прави Роки, поддржани од Пасквале Фоџа или Стефано Маури. Кристијан Манфредини, Емислсон Крибари, Мобидо Диаките, и Осман Дабо се исто така недостапни за овој меч.

Интер ќе мора да игра без Марио Балотели и екс-Лацио играчот Дејан Станковиќ, поради суспензии. Даглас Маикон, Нелсон Ривас и Ернан Креспо се повредени.

Лацио имаа прекрасен рекорд, беа не поразено од Интер 7 години дома-гости, до поразот во Копа Италија од 1-0 во Февруари 2006.
Изгубија три на Сан Сиро и имаа едно реми од 0-0. Овде е вклучен и спектакуларниот меч што заврши 4-3 во Мај 2007 а лацијалите водеа 2-0 по првите 5 минути. Мај се покажал за многу даровит со голови кога играле овие два тима.

Минатата сезона Интер - Лацио 3-0

Форма Интер (W W D D L)
Форма Лацио (L L W W L)

Интер можен состав : Цезар, Сантон, Кордоба, Самуел, Киву, Виеира, Камбијасо, Занети, Фиго, Круз и Ибрахимовиќ.

Лацио можен состав : Муслера, Лихтштајнер, Сивиља, Розенал, Коларов, Броки, Ледезма, Матузалем, Фоџа, Зарате и Роки. 


Мој тип: Интер - Лацио 2-1


 


Interista/sportski.mk

Најпопуларно
Интервју
Офсајд
Анкета
Кој ќе ја освои Лигата на шампионите










Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0789][40]