Најверојатно ќе си одам од Баерн
30/04/2009 18:00

Фудбалерот на Баерн Минхен и репрезентативецот на Франција, Франк Рибери изјавува дека ќе биде скоро невозможно да остане во најтрофејниот германски клуб, ако тие не се пласираат во лигата на шампионите.


“Ќе биде многу тешко за мене да останав во овој тим ако ние не ја постигнеме целта која си ја зацртавме на стартот од сезоната. Затоа екипата ќе треба по секоја цена да заврши барем на второто место.“


Баерн е моментално трет во Бундеслигата, на само три бода од лидерите Волфсбург и минува низ тешки моменти поради смената на Клинсман.


“Ние сакаме да го освоиме трофејот во Бундеслигата. Тоа е уште возможно, но приоритет на тренерот и на клубот е да завршиме барем на второто место и да избориме директен пласман во Лигата на шампионите.“


Во последниве неколку месеци, Французинот е топ тема за трансфер пазарот летово. За него веќе се зборуваше дека има преддоговор со Барселона и најверојатно таму ќе се пресели по завршување на сезоната. Исто и Реал и неколку англиски клубови го посакуваат.

Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0281][87]