Play-offs 2009: Западна Конференција
18/04/2009 21:00

1.L.A.Lakers(65-17) - 8.Utah Jazz(48-34)


Езерџиите влегуваат како апсолутни фаворити во овој дуел. Коби и компанија сезонава без никакви проблеми и убедливо го освоија западот. Јута ја имаа таа среќа да се сретнат со нив уште во првата рунда. Овие две екипи се сретнаа и во ланскиот плеј-оф. Тогаш играа во полуфиналните средби и Лејкерс славеа со 4-2 со брејк во последната 6та утакмица.


Едно само да им биде јасно на сите оние кои мислат дека Лејкерс многу лесно ќе ги поминат Џезерите, Јута имаше многу проблеми со повредите сезонава и затоа се наоѓаат на 8то место во западната конференција. И тоа беа повреди на нивните најдобри кошаркари. Дерон Вилијамс пропушти 14 натпревари, а Карлос Бузер пропушти 45 натпревари. Лошото за Јута е што сега се повреди и нивниот стартен центар Окур, па можно е да ги пропушти првите 2-3 натпревари од оваа пресметка.


Сезонава Лејкерс имаат скор 2-1 со Јута со тоа што и двете екипи славеа на домашен терен. Особено е битно да се напомене дека Јута е домашен тим и ќе им биде тешко на Лејкерс да направат брејк. Одличното дуо на центарските позиции Бајнам-Гасол и се разбира лидерот на тимот Коби Брајант ќе бидат главните адути на тимот на Фил Џексон, исто како и слабата одбрана која сезонава ја играат Џезерите.


Лејкерс - Јута   4 - 2




2.Denver Nuggets(54-28) - 7.New Orleans Hornets(49-33)


Во ланската сезона ситуацијата беше обратна. Хорнетс беа второ пласирани додека Денвер беше осмопласиран на западот. Ова би требало да биде најнеизвесниот дуел на западот. И двете екипи немаат некое искуство во плеј-оф средбите. Денвер со Ентони нема поминато прва фаза, а Хорнетс лани стасаа до втората рунда каде беа елиминирани од Сан Антонио во 7 натпревари.


Се ќе зависи од  шутерите на Њу Орлеанс. Ако Стојаковиќ, Батлер и Поуси влезат во шутерско шоу тогаш ќе биде доста тешко да се запрат Хорнетс. Ќе биде ова дуел помеѓу двата најдобри плејмејкера во НБА сезонава. Разликата е во тоа што Билапс има многу повеќе искуство во вакви натпревари и знае сам да ја превземе одговорноста во решавачките моменти. Одбраната што ќе се игра против Кармело Ентони од Хорнетс и онаа против Дејвид Вест од страна на Нагетс исто ќе биде клучна. Ова ќе биде "missmatch" која една од екипите ќе треба да го искористи. Доброто е што во составот на Хорнетс се врати стартноит центар Чендлер. Подобрата одбрана е на страната на Денвер и тоа ќе им биде мала предност во овој дуел. Максимумот Денвер го даде во регуларниот дел од сезоната, додека Њу Орлеанс може да оди ниво погоре од ова. Ако го стори тоа тогаш гарант одат во втора рунда, ако не ситуацијата е обратна.


Денвер - Њу Орлеанс   3 - 4


 


3.San Antonio Spurs(54-28) -6.Dallas Mavs(50-32)


Тексашки дуел во плеј-оф. Сан Антонио на крај стасаа до 3то место на западот, истото се случи и со Далас, кој скоро цела сезона беа на последното место кое водеше пласман во плеј-оф.


Мислам дека им се падна најлесниот противник на Спарс. Во секој друг случај играчите на Грег Попович ќе се мачеа и можеше да не се пласираат во втората рунда, вака мислам дека им се падна најлесниот и најпредвидливот противник во плеј-офот. Целата игра се врти околу Дирк Новитцки и ако се запре Германецот тогаш сте ги запрале и Далас.


Сепак ако се погледне оваа серија од поблиску ќе се виде дека Далас сезонава има скор 2-2 со Сан Антонио. Да се напомене дека едниот пораз на Далас е на домашен терен и тоа после две продолженија, а Далас имаат и победа на гости. Џејсон Кид својата најдобра партија ја имал токму против Спарс и во останатите натпревари немал лоши бројки позади неговото име. Што значи ако Кид изигра на ниво Далас гарант победуваат. Лошото за Сан Антонио е тоа што во плеј-офот ќе го немаат Ману Џинобили и целата игра ќе се врти околу Данкан и Паркер. Така да ако се запрат овие двајца ќе ги запрете и Сан Антонио. Знаејќи дека одбранта им е малку послаба страна на Далас, мислам дека нападот овојпат ќе ја реши серијата. Ако Дирк, Тери и Хауард се расшутираат и успеат да најдат решение против одличната одбрана која несомнено ќе се игра врз нив тогаш Сан Антонио ќе одмараат уште по првата рунда, ако не Сан Антонио се тимот кој оди понатаму.


Сан Антонио - Далас   4 - 3


 


4.Portland Trail Blazers(54-28) - 5.Houston Rockets(54-29)


Младиот тим на Портланд направи огромен успех сезонава со пласманот во плеј-офот. Тие се враќаат во плеј-оф после 5год пауза. Од друга страна Хјустон иако создаде екипа за респект никако да ја помине таа малерозна прва рунда. Главните причини за тоа се повредите на еден од нивните два суперстара. Сезонава повторно истото, овојпат Ти-Мек ќе отсуствува од дуелите.


Инаку ова би требало да биде интересен дуел. Од едната страна Портланд го има Брендон Рој како главен играч и лидер во тимот, но пак од другата страна Хјустон има одличен дефанзивец во Рон Артест на таа позиција. Истото се случува и со Јао Минг кој е лидер на Ракетите, но затоа пак Портланд има исто исклучителен дефанзивец во рукито Грег Оден на таа позиција. Така да кој ќе биде поуспешен во овие дуели би требало да му помогне на својот тим да стаса до втората рунда. може квалитетот според играчите е на страна на Блејзерс, но немањето искуство во вакви натпревари исто може да биде клучно, ако серијата стане густа. Сите овие играчи на Портланд се млади, но од друга страна се и доста дрски и затоа им давам предност во оваа серија.  Сезонава Хјустон има 2-1 скор во своја корист со Портланд. Мал хендикеп за блејзерс може да биде неиграњето на Оден на првиот натпревар.


Портланд - Хјустон   4 - 2

Најпопуларно
Интервју
Офсајд
Анкета
Кој ќе ја освои Лигата на шампионите










Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0985][41]