Шумахер се откажа!
11/08/2009 13:07



„Се обидов да направам се` за да се вратам, но за жал не успеав. Повредата на вратот беше појака од желбата за камбек. Многу сум разочаран, поради луѓето во Ферари и сите навивачи“, објави повеќекратниот светски првак.

„Во понеделникот вечерта ги известив претседателот Лука ди Монтеѕемоло и шефот на екипата Стефано Доменикали дека за жал, нема да можам да го заменам Фелипе Маса во болидот на Ферари“, објави Михаел Шумахер на својата интернет страница, како што пренесува Јуроспорт.

„Се обидов да направам се за привремено да се вратам на трките во Формула 1, но за моја огромна жал, не успеав. Не успеавме да ја залечиме повредата на вратот која се појави за време на затвореното тестирање, иако медицински и терапевстки се обидовме се што можевме“, додаде повеќекратниот светски шампион во своето соопштение.

„Длабоко сум разочаран. Страшно ми е жал поради луѓето во Ферари и сите навивачи од целиот свет кои ’држеа палци’ за да им се вратам на трките. Можам само уште еднаш да повторам дека се обидов се што беше во моја моќ. Сега, се што ми преостанува е да навивам за Ферари во трките кои претстојат“, заклучи Шумахер во своето изненадувачко соопштение.

Михаел Шумахер требаше викендов да ги изврши своите последни тестирања со болидот F2007 пред да донесе конечна одлука за враќање, во консултација со својот лекарски тим. За жал, одлуката стигна и пред крајот на викендот.

Повлекувањето на Шумахер им зададе големи главоболки на луѓето од Ферари, но експресно се одлучија за негова замена. Станува збор за тест возачот Лука Бадоер кој ќе седне во црвениот болид веќе на следната трка во Валенсија на 23 август.


 


Извор: Таратур

Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0343][106]