
Екипата на Денвер изгуби уште еден играч од ланскиот ростер. Откако Дантеј Џонс не го продолжи договорот со Нагетс, истото го стори и Литванецот Лајнас Клејза кој потпиша за грчкиот Олимпијакос.
Како што кажува Бил Дафи агентот на Клејза, Литванецот потпишал 2 годишен договор со грчкиот вицешампион вреден 12.2 милиони долари.
Ако Литванецот останеше во Денвер можеше да зема максимум 2.7 милиони долари годишно, а вака тој ќе зема скоро тројно повеќе во една сезона.
“Би сакал да се вратам. Ми беше навистина забавно. Беа тоа одлични 4 години поминати тука.“ - изјави Клејза.
24 годишниот Литванец имаше 9.9 поени и 4 скока по натпревар минатата сезона.
Со ова во тимот од Пиреа ќе има уште еден играч со НБА искуство отакко лани тие потпишаа со играчот на Атланта Џош Чилдрес. Пред некој ден испратија и понуда до Ален Ајверсон.