Надал и Џоковиќ се финалисти на Мастерсот во Монте Карло!
18/04/2009 20:04


Рафаел Надал и Новак Џоковиќ ќе ги одмерат силите во финалето на Мастерстот во Монако, утре со почеток од 11.30. Србинот во полуфиналето успеа да слави над Станислав Вавринка со 2-1 во сетови ( 4-6 ; 6-1 ; 6-3 ) додека пак фаворитот број еден Шпанецот Надал полесно од очекувањата со 2-0 (6-2 и 7-6 ) беше поуспешен и го елиминира Британецот Енди Мареј во второто полуфинале.


                 



За 21-но годишниот Џоковиќ ова е прво финале кое што ќе го игра во Монте Карло, од како ланската година нереќно го предаде мечот во полуфиналето против Рожер Федерер поради повреда. Популарниот Ноле ќе има тешка задача затоа што на спротивната страна го има фантастичниот, моментално рекетот број еден во светот, Рафа Надал  кој воедно е и бранител на титулата и кој ќе атакува на 5-тата последователна титула на овој исти терен во Монте Карло. Инаку овие двајца до сега се имаат сретнато 15 пати а поуспешен е Надал кој има 11 победи наспроти 4 на Новак.




Интересно е да се спомне дека Џоковиќ никогаш го нема победено Надал на земјена подлога. Нивниот последен дуле беше во рамките на Дејвис Купот, меѓу Шпанија и Србија, каде што Надал со 6-4 ; 6-4 ; 6-1 славеше над Србинот, на домашен терен на земјена подлога. До сега во финалните натпревари се имаат сретнато два пати и на двата пати Надал излегувал како победник, во Квинс 2008 на трева и во Индиан Велс 2007 на тврда подлога. Во досегашната кариера Србинот има освоено вкупно 11 титули наспорти 33 - те на Шпанецот. Во оваа година Џоковиќ има скор од 22 победи и 8 порази како и една освоена мастерс титула додека Надал 24 победи и инпресивни 3 порази со две освоени титули. Во секој случај очекуваме утре неизвесен и интересен дуел.


 



 

Најпопуларно
Интервју
Офсајд
Анкета
Кој ќе ја освои Лигата на шампионите










Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0894][46]