Суспендирана и казната која ја донесоа од ФИА
29/04/2009 15:18

После признавањето на вината од страна на МекЛарен по сите пет точки од обвинувањето, одлучено е да бидат казнети со забрана на настап на  три трки.


Со ова се потврдува правилото: “ако си признаеш, половина ти се проштева.“ Според сите правила МекЛарен требаше да биде казнет со дисквалификација од оваа натпреварувачка сезона, но сепак ФИА реши да ја ублажи казната и заради зачувување на натпреварувачкиот дух во првенството, но и заради финасиите кои несомнено и ги  носи на ФИА Британскиот тим.


Сепак ФИА отиде и до таму што ја суспендираше и казната што ја додели. Со тоа што таа ќе биде активна ако испаднат нови докази или МекЛарен направи некоја слична глупост.


Да се потсетиме зошто беше казнет МекЛарен. На трката во Австралија, Хамилтон не го пропушти Трули за време на безбедносното возило, а тимот  викаше дека за тоа не биле информирани, што подоцна се дозна дека сите знаеле, па и Хамилтон, а не го направиле тоа.


Беше видливо олеснување на лицето на Мартин Витмарш.“Најпосле можеме да му се вратиме на тркањето.“

Најпопуларно
Интервју
Офсајд
Анкета
Кој ќе ја освои Лигата на шампионите










Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0867][46]