
Нашата најдобра кошаркарска репрезентација го загуби и третиот натпревар на подготовки во Краинска Гора. овојпат подобри од нас беа европските шампиони Русија со 74:67.
После ова нашите кошаркари се враќаат на подготовки на домашен терен во Охрид, каде на 8 и 9-ти август ќе одиграат две контролни средби со Словачка(директно на Канал 5), а потоа треба да заминат на турнир во Германија.
На дуелот со актуелните европски прваци најефикасен бил Врбица Стефанов со 20п, а солидни партии прикажале и Самарџиски со 17п, како и Џеремаја Мејси со 15п.