Ален Ајверсон има понуда од Олимпијакос
04/08/2009 19:44


Еден од најдобрите кошаркари во поновата историја на НБА лигата Ален Ајверсон може да заврши во грчкиот Олимпијакос. Како што известуваат грчките медиуми, грчкиот вицешампион му нуди 10 милиони долари годишна плата. Тоа би бил две годишен договор.


Ако бекот шутер дојде во Олимпијакос ќе му прави друштво на ланското НБА засилување, некогашниот играч на Атланта Џош Чилдрес. На почетокот на летото, грчкиот тим му нудеше сличен договор и на Нејт Робинсон.


Ајверсон е слободен агент, откако Детрои одби да го продолжи договорот со него. АИ досега преговараше со Клиперс и Мемфис и тие преговори пропаднаа, пред се поради малата плата која му ја нудеа, но и амбициите на тимот.


Неговата судбина сеуште е енигма и не би изненадило никој тој да се реши за Европа.


Да потсетиме има две титули МВП на Ол-Стар натпреварите и една МВП на регуларниот дел. И тој е една од големите ѕвезди што сеуште сонува за НБА титула.


Ако дојде во Олимпијакос тоа ќе биде најголмиот трансфер што некогаш е направен во европската кошарка. Нешто слично направи Панатенаикос во 1995-та со ангажманот на Доминик Вилкинс.

Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0267][44]