Арсенал заслужува титула сезонава
28/04/2009 19:46

Играчот на Милан, Метју Фламини кој беше дел од тимот на Арсенал во финалето на Лигата на шампионите 2006 год кога на Stade de France изгубија од Барселона со 2-1 изјави дека Арсенал треба да бидат доста самоуверени во своите квалитети.


        


“Многу е важно Арсенал да освои нешто оваа сезона. Тие заслужуваат, бидејќи работат доста и поседуваат многу квалитет.“


“Јас го подржувам Арсенал уште од стартот на оваа сезона. Не само сега откако влегоа во полуфиналето. Јас верувам во овој состав и знам дека тие поседуваат нмогу квалитет.“


“Арсенал покажаа дека можат да го победат Манчестер Јунајтед во Премиер лигата, зошто да не го повторат тоа и во Лигата на шампионите.“


“Најважното е да го играат својот фудбал уште од стартот на натпреварот. Мора да бидат опуштени и да уживаат во фудбалот, затоа што не играте полуфинале на Лига на шампиони секој ден.“


“Треба многу да пазат да не примат гол во првиот дуел на Олд Трафорд. Со квалитетот што несомнено го поседуваат во нападот треба да се трудат да ги искористат своите шанси и да постигнат гол пред да го играат реваншот на Емирати.“

Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0905][61]