Екипите на Њу Орлеанс и Шарлот Бобкетс ги заменуваат центрите. Тајсон Чендлер оди во Шарлот, а Окафор преминува кај Хорнетс.
“Стршлените“ уште во минатата сезона се обидуваа да го шитнат Чендлер, но тоа не им успеваше. Најблиску беа Оклахома, но тој трејд пропадна бидејќи Тајсон не ги помина лекарските прегледи.

“Добиваме одличен кошаркар кој е висок и физички добро подготвен и можеме да го искористиме за игра на повеќе позиции и дефинитивно е она што ни требаше.“ - изјави тренерот на Бобкетс Лери Браун.

Од друга страна Окафор е одличен атлета и добар дефанзивец кој ќе треба да поработи на нападот, но покрај Крис Пол најверојатно тоа не би било проблем. Не е толку експлозивен како Чендлер.
“Емека е еден од ценрите со ол-стар материјал. Има одлични просеци во поени и скокови низ целата своја кариера. Неговиот потенцијал е неверојатен, а тоа може да се искористи кога би го ставиле да игра со Крис Пол заедно.“ - изјави генералниот менаџер на Хорнетс.
И двата кошаркари се 26 годишни. Окафор дојде како втор пик на драфтот 2004-та. Минатата сезона имаше 13.1п и 10.1с по натпревар. Чендлер лани имаше 8.8п и 8.7с по натпревар, но одигра само 45 мечеви.