МекЛарен се моли FIA да биде поблага
28/04/2009 18:00

Првиот човек на МекЛарен Мартин Витмарш ги моли челниците на FIA да во среда донесат одлука која би го спасила Луис Хамилтон, првенството и целата сезона на неговиот тим.


Витмарш веќе јавно се извини, му прати и писмо на првиот човек на FIA Макс Мозли, а во среда повторно ќе го брани МекЛарен. Во Париз ќе се донесе одлука поврзана со случувањата од сезоната и Голамата награда на Австралија кога на Хамилтон му беа одземени бодови.


  


Главната полемика се води околу тоа дали Британецот добил инструкции да го пропушти Јарно Трули или не.


Светскиот првак после овој настан се извини, а Дејв Рајан беше прво суспендиран, а потоа разрешен од должноста, спортски директор на тимот на МекЛарен.


“Во последните денови сум во секојдневни контакти со FIA и задоволен сум од подршката која ми ја даваат и мене и на момците. Се надевам дека ова е почеток на градење на подобри односи меѓу нас.“


Според извори од FIA, најверојатната казна би била, одземање на сите бодови во поредокот на конструктори до крајот на сезоната.

Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0355][81]