
Драма во квалификациите! Бразилецот при брзина од 200км/ч беше погоден со дел од болид в глава. Изгуби свест и се закачи во заштитната ограда. Со хеликоптер итно е пренесен в болница. Погледнете!
Чудните квалификации за Големата награда на Унгарија ги одбележа несреќата на Фелипе Маса и колапсот на системот за мерење на времето кој предизвика вистинска конфузија. Десетина минути по крајот на квалификациите не се знаеше кој ја освои пол позицијата, ниту понатамошниот распоред.
Несреќата се случи откако отпадна дел од болидот на Рубенс Барикело, кој летна во воздух и при паѓањето го закачи Маса точно в глава. Бразилецот тогаш возеше со брзина од 220км/ч и од ударот изгуби свест. Излета од патеката и со Ферарито се закачи во ѕидот од гуми.
Само да потсетиме, пред една недела на сличен начин животот го изгуби Хенри Сартис во трките од Формула 2.
Неверојатна несреќа во Формула 2
По несреќата на Маса, квалификациите беа прекинати, а на Бразилецот веднаш му беше укажана медицинска помош. Подоцна со хеликоптер беше префрлен во болницата во Будимпешта.

Според последните информации, Маса е во стабилна состојба. Но не се знае какви последици ќе има по него оваа бизарна несреќа.
Потоа тргна и третата и последна квалификациска рунда, но пред самиот крај дојде до колапс на системот за мерење време. Десетина минути не се знаеше воопшто распоредот.
Но, потоа конечно се појавија резултатите. Пол позицијата ја освои Алонсо во Рено, втор е Фетел, a трет неговиот колега од Ред Бул Марк Вебер.