Шампионите на Шкотска, тимот на Селтик можно е да и се придружи на англиската Премиер лига во наредните 10 години, во понеделникот изјави Дезмонд еден од акционерите на клубот.

"Тие мора да се отворат за нас во блиска иднина, мислам дека тоа ќе биде за 10тина години."
"Ние немаме никакви долгови. Најверојатно сме еден од најнезависбите клубови во цела Велика Британија." - изјавува Дермо Дезмонд.
Со оглед на финансиската криза со која се соочуваат повеќето премиерлигаши, ова и не е лоша идеја. Да се донесат и Ренџерс и Селтик со што конкуренцијата би била многу поголема и квалитетот на лигата би се зголемил.
Дезмонд, кој е еден од споствениците на Селтик е 4от најбогат човек во Ирска и неговото богатство се проценува на околу 1.6 милијарди евра според последната листа на весникот Тајмс. Што значи дека финансиски тимот од Глазгов ќе биде добро поткован.
Оваа идеја за влегување на Глазгов и Селтик во Премиер лига датира многу одамна и се поизвесно е дека во скоро време ќе се реализира.