
Аргентинецот Тевез кој неодамна потпиша со Манчестер Сити откри дека имал можност да стане Галактико, но ја одбил таа шанса.
Тој кажа дека и Ливерпул и Челзи исто биле екипите кои се бореле за неговиот потпис до последен момент.
“Реал испратија понуда, но ја одбивме. Имаше уште доста понуди и преговори, но на крај одлуката беше Манчестер Сити. Тие покажаа доста интерес за мене и имаат амбиција да потпишат со уште многу големи фудбалери.“
“Тажен сум што го напуштив Јунајтед, но возбуден сум што му се приклучив на Сити. Иднината на овој клуб е светла, затоа и потпишав.“ - изјави Тевез.