
Спортскиот директор на Баерн Минхен Ули Хенес по се изгледа стви крај на сагата за Рибери откако испадна со изјава дека Французинот останува на Алијанц Арената.
“Баерн нема да го продаде Рибери, па дури и да добие понуда од 70 милиони евра. Рибери сигурно останува. Во моментов не сме спремни да преговараме за негово продавање.“
Рибери во понеделникот го напушти тренингот, наводно поради повреда на колената. После ова германските медиуми испаднаа со тврдења дека Французинот симулирал само за да Баварците го прдадат летово.
На сето ова Хенес одговори: “Ако е повреден, тогаш е повреден. Исто како и секој друг фудбалер.“