Во 31 градско дерби на "Градски", Вардар го совлада Работнички со 2-0 и со тоа се доближи на -4 во однос на 3то пласираниот Милано. Ова беше нивна 4та последувателна победа на домашен терен. Со тоа Вардарци си ги зголемија шансите за Евро пласман во наредната сезона.
Натпреварот беше отворен по една катастрофална грешка на одбрамбениот играч Бојовиќ на 20тина метри од голот на гостите. Емрулаху го искористи тоа и во 12та минута им донесе водство на домаќините од 1-0.
Вториот гол падна при една сомнителна ситуација во 90та мин, но судиите не свирнаа офсајд, тоа го искористи Ејупи кој тргна од некаде 40тина метри од голот на Георгиевски, го следеа уште двајца Вардарови фудбалери, овој се реши сам да оди и не згреши, рутинирано по земја за конечни 2-0.
Работнички може имаше блага теренска иницијатива, но немаше многу шанси. Божиновски во 70мин шутираше, но Пачовски одбрани. Во 85мин најдобрата шанса за гостите, по додавањето од Димовски, Фабио од свртување, но овој за многу малку непрецизен. Најдобрата шанса за Вардар ја имаше Ејупи во 72мин. Ејупи од 7-8м шутираше по една нафрлена топка на Петров, но Јорде Георгиевски одлично одбрани.
Во останатите натпревари. Во битката за опстанок, Металург со автоголот на Димов во 32мин им донесе 3 бода на домаќините и најверојатно сигурен опстанок. Кичевчани со овој пораз останаа заковани на дното на 3п разлика од Пелистер и сега со 4п позади Победа која славеше во Кратово со 3-2.
Изненадувачка победа на Хоризонт Турново во Куманово над Милано од 2-1, исто како што беше изненадувачки нерешениот резултат на Македонија Ѓ. П. со аутсајдерот Пелистер на домашен терен.
Табела:
| Македонија Ѓ.П. | 25 | 15 | 8 | 2 | 53 |
| Ренова | 24 | 12 | 8 | 4 | 44 |
| Милано | 24 | 13 | 4 | 7 | 43 |
| Вардар | 24 | 10 | 9 | 5 | 39 |
| Работнички | 24 | 9 | 8 | 7 | 35 |
| Хоризонт Турново | 24 | 8 | 7 | 9 | 31 |
| Металург | 25 | 7 | 8 | 10 | 27 |
| Силекс | 25 | 5 | 9 | 11 | 26 |
| Победа | 25 | 7 | 4 | 14 | 24 |
| Пелистер | 25 | 5 | 7 | 13 | 23 |
| Напредок | 25 | 4 | 8 | 13 | 20 |