Ариза во Хјустон, Шид во Бостон, МекДајс во Сан Антонио
10/07/2009 01:31

Од 8 јули започнаа потписите со слободните агенти во НБА. Еве неколку од поинтересните.



Како што и се очекуваше Детроит потпиша со бекот Бен Гордон и со високото крило Чарли Виланова.


Гордон потпиша  петгодишен догоовр вреден 55 милиони долари и ќе треба да го замени Ајверсон т.е Билапс од шампионските времиња. Додека замена за Шид ќе биде Виланова кој исто потпиша 5 годишен договор вреден 35 милиони долари.


Со ова Пистон го подмалдија доста составот и направија конкурентен тим за наредната сезона.




Сан Антонио продолжи со носењето на квалитетни играчи. Оваојпат Спарс потпишаа со ветеранот Антонио МекДајс кој доаѓа од Детроит како слободен агент. Тој ќе ги чини 5.8 милиони долари по сезона. Втора аквизиција после доведувањето на Ричард Џеферсон.




Хјустон како што и се очекуваше потпиша со откритието на Лејкерс во изминативе две сезони Тревор Ариза.


24 годишниот Ариза потпиша повеќегодишен договор кој него ќе му носи 5.7 милиони долари по сезона.


Со ова на “ракетите“ им остануваат уште 5.6 милиони долари со кои ќе можат да донесат уште еден квалитетен кошаркар. 


За потсетување тимот го напушти Рон Артест кој премина во Л.А.Лејкерс.


 




 


Тимот на Бостон ангажираше уште еден ветеран. Станува збор за Рашид Валас кој доаѓа како слободен агент и потпиша двегодишен договор со “Келтите“.


Со тоа “детелинките“ ќе имаат доста квалитетен, но и тим предводен од ѕвезди кои се во залезот на криерата. Валас(34), Ален(33), Гаренет(32) и Пирс(32).  


 

Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0893][70]