
Екипата на Милан на почетокот на транинзите, му стави посебна диета на Роналдињо. Според специјалистите на Росонерите Дињо ќе мора да ослаби 5 килограми за да се врати во форма.
Некогашниот најдобар фудбалер во светот е најголемата надеж на Милан за спас на сезоната после заминувањето на Кака.
Тој од понеделникот тренира посебно од останатите и со голем интензитет под раководство и на Леонардо, но и на атлетскиот тренер Даниеле Тонгачини кој има специјална програма за него.
“Роналдињо работи доста напорно на почетните тренинзи. Тој изведува специјални вежби за да му се подобри неговата физичка кондиција. Мислам дека работата со топка за него ќе биде само рутина.“ - изјави Тонгачини за Sky sport Italia.