Кире Лазаров пред трансфер во Металург?
06/07/2009 02:15


Како што пишува нашиот дневен весник “Дневник“ нашиот ракометен вицешампион Металург сака да го донесе Кирил Лазаров во Автокоманда и тоа на повеќе години за што му нуди милионски трансфер во евра.


Најдобриот стрелец од последното СП со нов рекорд од 92 гола, и двоен најдобар стрелец во европската Лига на шампионите, имал разговор со спонзорот на Скопјани, Минчо Јорданов, кој сериозно се вклучува во последните трансфери на играчи во клубот.


Последната понуда на Металург кон Лазаров била околу 300.000 евра по сезона со тоа што тој би требало да остане повеќе години тука како дел од настојувањата на клубот да направи силен тим кој би имал сериозна улога и во европските купови.

Металург сака да го донесе Лазаров дури и ако тоа не се случи сега, туку по една или две години. Понудата останува да важи. 


Можното доаѓање на Лазаров се поврзува и со ангажирањето на Лино Червар. Червар има понуда од Скопјани, но сега е неизвесно дали ќе добие согласност од Хрватскиот ракометен сојуз со кого ја продолжи соработката за уште една година или пак популарниот стратег ќе има само советодавна функција. Од друга страна Лазаров има уште двегодишен договор со Кроација осигурање кој го потпиша пред истекот на сегашниот. 

Најпопуларно
Интервју
Офсајд
Анкета
Кој ќе ја освои Лигата на шампионите










Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0855][71]