Илиевски го пропушта ЕП во Полска
02/07/2009 18:05


Многу лоша вест за македонската кошаркарска репрезентација пристигнува од еден од нашите најдобри кошаркари Владо Илиевски. Тој и дефинитивно поради повреда ќе го пропушти Европското првенство во Полска кое ќе се одржи од 7 до 20 септември.


“Нема поголема чест за еден играч од настап за својата држава на континентален шампионат. Со нетрпение го очекував стартот на подготовките на репрезентацијата, поради што зборовите на лекарот едноставно ме нокаутираа.“


Сé уште не можам да верувам дека нема да им помогнам на соиграчите на историските пресметки во Познањ. Но операцијата беше неопходна, бидејќи во спротивно, при следно кинење на тетивата на задната ложа, можеше да се случи и да морам да ја завршам играчката кариера.“ - заврши Илиевски. 


Тренерот Арсиќ сеуште нема соопштено кој ќе го замени стартниот плеј. Подготовките на нашата репрезентација започнуваат на 15-ти јули во Златибор, а Арсиќ во комбинација имаше 16 кошаркари т.е сега 15.


Македонија е во група со Грција, Хрватска и Израел. 

Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0373][94]