Бугарија домаќин на Ф1?
02/07/2009 15:49


Бугарија може да биде домаќин во Формула 1, доколку за тоа се договорат челниците на ФИА со потенцијалните бугарски организатори на состанокот кој ќе се одржи за време на трката во Нирнбуринг од 10 до 12 јули.

За време на трката во Нирбуринг, Германија, челниците на ФИА на чело со претседателот Барни Еклстоун ќе преговараат со бугарскиот организационен комитет за Гран при, за евентуално организирање трка во Формула 1 во Бугарија!

Средбата ќе се одржи на пистата Нирбуринг за време на Гран при на Германија од 10 до 12 јули и нa неа ќе бидат разгледани параметрите на спогодбата за идната трка во Бугарија.

Проект-договорите за бугарското Гран при веќе се доставени во Организациониот комитет. Документот ги посочува условите, при кои што Бугарија би била домаќин на трка од Формула 1 за период од 2011 до 2015 година, со можност за продолжување до 2020 година

Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0244][35]