МЗТ СКОПЈЕ се избори за "мајсторка"
25/04/2009 23:25

МзТ Скопје успеа да го изедначн резултатот на 1-1 во дулите протв АМАК СП и да се изборат за трет натпревар-мајсторка, која ќе го даде последниот патник во полуфиналето.


Вчерва во салата "Јане Сандански" , "металците", во еден крајно возбудлив и интересен дуел, успеа да забележи тесна победа од 83-80 и да ја пресели серијата во Охрид на последен одлучувачки натпревар. Домаќинот играше без подршката од своите навивачи, Family Aerodrom, но и тоа не им пречеше да забележат триумф. Тесен натпревар, кој се решаваше во последните 60 секунди, а таму посмирени и поконцентрирани беа домашните. Иако Охриѓани речиси во текот на целиот натпревар беа во водство, не повеќе од 8 разлика, на крајот не издржаа и ја испуштија победата. Резултатот го контролираа гостите се некаде до средината на последната четвртина, кога домаќинот зема залает и со една убава серија успеа да стигне до највисокото водство +8. Бргу се консолидираа избраниците на Маријан Лазовски го повратија резултатот во нивна корист и влегоа со предност во последната минута од +1. Пенал завршницата одлучуваше кој ќе ја однесе победата, а таму подобро се снајдоа Скопјани. Перо Блажевски и Дарко Соколов со 4 реализирани слободни во последните 15 секунди му ја донесоа победата на МзТ, кој остана во живот макар и за уште еден натпревар. Гостите пак играа ослобени без својот прв играч, Американецот Фрај, кој не беше во составот, но и покрај тоа можат да жалат затоа што имаа огромна шанса уште вечерва да станат полуфиналисти.


Последниот натпревар се игра во среда, а победникот од овој дуел ќе му биде противник на Фени Индустри, кој без разлика со која екипа ќе игра, Скопската или Охридската, ќе биде во предност од 1-0 во серијата подобар од 3 за влез во големото финале. За потсетување само, лани  исто така во четвртфиналето МзТ Скопје го елминираше Амак СП со тогаш "чисти" 2-0!


 

Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0306][75]