
Младиот голман на Ливерпул кој беше позајмен во Твенте оваа сезона, се наоѓа во голема опасност.

Ова го наведуваат бугарските медуми, откако Николај Михаилов си играл со нешто, што никој паметен не би си играл.

Се пошегувал со девојката на најголемиот бугарски мафијаш Георги Стоилов, прекрасната Николета Лозанова.

Ова и не би било до толку страшно ако не се знае дека токму 21 годишниот репрезентативен бугарски голман е екс-момче на Николета, со која раскина пред некој месец.

Целата шега била, што Николај својата сегашна девојка бугарската фолк-певајка Никол ја нарекол Ферари, неговата поранеша Трабант.

Ова и не би било ништо лошо ако се работи за обични луѓе, но наредниот ден кога голамот се пробудил на своето Ферари имал истурено киселина со што била направена штета од 25 000 евра. Полицијата веднаш се посомневала дека зад ова стои кланот на Стоилов чии прекар е Глава(Кум).

Инаку неговата поранешна девојка Николета неодамна од ФХМ беше прогласена за најсекси девојка во Бугарија.

Во 2006-та беше Miss Playmate и позираше за Playboy. 21 годишната Николета е дефинитивно сон на сите од машката популација во Бугарија.

А колку за споредба еве ви ја и Никол да видите кого Михаилов нарекол Ферари. Мислам дека треба уште еднаш да размисли што ќе зборува во иднина.

Никол