
Петиот пик на вчерашниот драфт по се изгледа нема да игра за Минесота наредната сезона. Рики Рубио сериозно размислува да не оди во кампот на “волците“, а како главна причина ги наведува временските услови т.е ладната Минесота.
Како што јавуваат американските медиуми “волците биле известени за ова уште на ден пред да се одржи драфтот, па и затоа одбраа два плејмејкера на изборот. За да имаат резерва ако Шпанецот откаже. Како шестти пик го ангажираа Џони Флин од Сиракуза.
18 годишниот кошаркар на Хувентуд сеуште незнае што понатаму. “Сеуште незнам. Ќе треба убаво да размислам. Ќе зборувам со мојот агент и ќе видиме што ќе се случи.“ - изјави Рубио кој е невиден потенцијал на плеј позицијата. Уште сега има споредби со Крис Пол од Њу Орлеанс.
Инаку агентот откри каков бил разговорот на ден пред драфтот.
Му реков “Сакременто“, тој ми одговори “одлично време“.
Му реков “Оклахома“ ми рече “имам многу добар пријател кој живее таму.“
Му реков “Минесота“ ми рече “ааааа, многу ладно.“
Сепак најверојатно спасот ќе биде Њујорк, кој изрази желба да договорат некаква трампа со Минесота за Рубио ако Шпанецот не сака да игра за “волците“.
Инаку денес Никс го ангажираа Дарко Миличиќ во трампата со Мемфис. Кај Гризлите замина шутерот Квентин Ричардсон.