Фиорентина - Рома
25/04/2009 02:22

               


Фиорентина - Рома(сабота 20:30)


 


Клучниот натпревар за двете екипи. Клучен поради фактот што и двата тима имаат амбиции за Лигата на Шампионите, а моментално се 5ти и 6ти. Фиорентина е 2п, а Рома е 5п зад Џенова. Кој ќе победи има шанси и наредната година да игра во најелитното натпреварување во Европа. Нерешено и одговара само на Џенова. Ова е дуел на ранети лавови сезонава.


 


"Волчицата" својата шанса за добар пласман ја испушти на стартот  и сега маки мачи за да ја спаси сезоната. Имаа една добра серија, но сега повторно почнаа да играат топло-ладно. Најверојатно исфрлувањето од Арсенал на пенали лошо влијаеше на нивнот морал.


Фиорентина играше исто како и во претходните сезони, но разликата е што сега Милан и Јувентус беа силни и квалитетни за разлика од претходната сезона. Добро и лошата форма и повредите на Муту може е битен фактор за овој пласман.


 


Повторно многу повредени кај Рома како и низ целиот тек на сезонава. Аквилани, Вучиниќ, Хуан, Сисињо, Дони и Менез тоа е листата на моментално повредени. Сите овие фудбалери се стартери. особено се болни повредите на Хуан и Сисињо. Тоа се дефицитарни позиции кај "волчицата". На сето ова кога ќе се додаде и суспензијата на Мексес, очигледно е дека Римјаните ќе играат со скоро втора постава на дуелот на Артемио Франки. Доброто е што Панучи се враќа после издржувањето на суспензијата, па Рисе би се вратил на својата природна позиција како лев бек.


Ништо подобра не ни ситуацијата во "виолитовите". Муту, Сантана и Кролдруп се повредени. Првите двајца се до крај на сезона, додека Кролдруп има можност и да игра на овој натпревар. Фелипе Мело е суспендиран и нема да игра на овај дуел.


 


Фиорентина како домаќин е фаворит. И двете екипи имаат многу подобра средина и напад отколку одбрана. Како што кажав Рома ќе игра со втора постава во одбрана и тоа би била добра прилика за виолетовите преку Џила и Јоветиќ да користат нивни киксови. Бар Џилардино е најдобар во тоа.


Доста офанзивните Кузмановиќ, Монтоливо и Семиоли би биле одлична подршка за нив и со нивните пробиви би требало да ја полудат дефанзивата на Рома. Тимот од Фиренца мора да нападне од старт. Фактот што немаат крила и брзи напаѓачи Рома значи дека нема потреба да се плашат од контри.


Сепак Римјаните имаат свои адути. Тоа е нивната агесивна игра во средината. Немањето на цврстина во средниот ред на Фио може да биде клучно и Рома да ја има иницијативата и да игра позиционо. И Тоти и Баптиста се добри да задржат топка.


Имаат одлични шутери од далечна и тука мора Фиорентина да покрива уште на 20-25м. Тоа е еднствената опција за нив ако сакаат да победат.


 


мој тип: 3-1


 


gringo/sportski.mk

Најпопуларно
Интервју
Офсајд
Анкета
Кој ќе ја освои Лигата на шампионите










Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.1044][48]