Јануарскиот преоден рок мина мирно и без мега трансфери, но можеше да се случи еден таков доколку Реал Мадрид ја прифатеше понудата на Челзи од 40 милиони евра за Игуаин.
„Марка“, медиум кој секогаш е добро информиран за случувањата во Реал, објави дека Челзи во зимскиот преоден рок доставил понуда до Реал Мадрид за услугите на
Гонзало Игуаин. Андре Виљас- Боаш побарал ангажман на напаѓачот, а
Роман Абрамович бил подготвен да одвои 40 милиони евра за да ја задоволи желбата на стратегот.
Тоа е сумата која англискиот клуб ја понудил за 24-годишниот Аргентинец, но ’кралскиот’ клуб веднаш ја одбил понудата. Сепак според англиските медиуми сопственикот на Челзи нема да се откаже од одличниот напаѓач за кого ќе испрати нови понуди во летниот трансфер период.
Челзи моментно има големи проблеми во нападот бидејќи
Фернандо Торес комплетно е надвор од форма уште од доаѓањето на Стемфорд Бриџ,
Дидие Дрогба е на залезот од кариерата, а останатите напаѓачи се уште се млади и неспособни да се носат со притисокот.