Блејк Грифин прв пик на драфтот
26/06/2009 02:00


Во Њујорк денес се одржа драфтот на новите НБА кошаркари. Правото да бираат први  го имаше Л.А.Клиперс и како прв пик на драфтот 2009 го одбраа како што и се очекуваше високото крило на Оклахома, Блејк Грифин.


Втори на драфтот бираа Мемфис и на изненадување на сите го одбраа центарот на Конектикет Хашим Тибет. Се очекуваше бидејќи лани го одбраа Марк Гасол, годинава да одат на бек и тоа повторно Шпанец, Рики Рубио.


Како трет пик беше избран бекот шутер на Аризона Стејт, 19 годишниот Џејмс Харден. Тој ќе игра за Оклахома наредната сезона.


Сакременто како 4-ти пик го избраа бекот на Мемфис 19 годишниот Тајрики Еванс.


Шпанецот Рубио кој се очекуваше да биде втор пик замина во Минесота, но како 5-ти пик на драфтот. Тим на кој очајно му е потребен плејмејкер.


Како 6-ти пик Минесота неочекувано одбра уште еден плејмејкер. Станува збор за Џони Флин од Сиракуза. Интересен избор. Сега ќе имаат доста млад ростер. Со овие двајца на плеј. Кевин Лов на центар од лани и Ал Џеферсон на крило.


Како седми пик Голден Стејт го одбра плејмејкерот на Дејвидсон, Стивен Кари. После заминувањето на Берон Дејвис и немаа прав плеј.


Њујорк бираа осми и го ангажираа крилото Џордан Хил од Аризона. Торонто како девети пик го одбра бекот на ДеМар ДеРозан. За 10-ти пик Милвоки го избра плејот Брендон Џенингс кој доаѓа од Лотоматика Рома иако е Американец. Лани одби да се запише на колеџ и кариерата реши да ја продолжи во Италија. 


Немаше некој интересен трејд на драфтот. Некои експерти очекуваа дека првиот пик Грифин би можел да биде заменет за некој бек или ниско крило со оглед дека Клиперс ги имаат Кејман, Рендолф и Кемби под кошевите.






Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0265][45]