Вилшер аут до крајот на сезоната
01/02/2012 14:51
Вилшер аут до крајот на сезоната

Талентираниот играч за врска на Арсенал, Џек Вилшер најверојатно ќе ја пропушти целата сезона, откако ја обнови поврдата на скочниот зглоб.

Арсенал и Џек Вилшер добија лоши вести откако последните лекарски прегледи утврдија дека повредата на младиот фудбалер е далеку од залечена. Вилшер беше опериран по установената скршеница на десниот скочен зглоб пред почетокот на оваа сезона, а лекарите му предвидуваа враќање на теренот кон почетокот на месец февруари.

Меѓутоа минатата недела фудбалерот ја обнови повредата на еден тренинг, а извештаите што пристигнуваат од Островот велат дека деталните лекарски прегледи покажале нова фрактура во десниот скочен зглоб.

Тоа значи дека сезоната за него е завршена, а под знак прашалник е и неговиот настап на Европското Првенство во Полска и Украина.
Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0922][44]