Ер Канада слета во Орландо
26/06/2009 01:05


Уште една мега трампа во НБА. После преминувањето на Шек во Кливленд и Ричард Џеферсон во Сан Антонио, од денес Винс Картер е нов член на “магичните“ од Орландо.


Летачкиот Канаѓанец доаѓа на Флорида заедно со Рајан Андерсон, а во Њу Џерси преминуваат рукито Кортни Ли, Дефер Алстон и Тони Бати.


Со ангажманот на “Ер Канада“ Орландо добива фантастична петорка. Џамир Нелсон, Картер, Туркоглу, Луис и Двајт Хауард. Сепак огромно прашање е дали Туркоглу ќе остане, бидејќи има опција да си замине ова лето ако најде тим кој би го ангажирал за поголема плата. Со тоа Картер би требало да биде само замена за Турчинот.


Но и да не замине тешко дека овие петорица би играле, бидејќи на Картер, Туркоглу и Луис ниско крило им е правата позиција, но Винс би можел и како бек шутер, Луис исто би можел како крилен што всушност и го играше оваа сезона. 


Од друга страна Нетс добиваат  два високо платени играчи во Алстон и Бати чиј договор им завршува наредната година и после нивното ослободување на “мрежичките“ им остануваат 16.5 милиони долари плус за трошење за сезоната 2010/11


Единствената предност може да биде Кортни Ли кој имаше добра сезона и е еден од најпреспективните кошаркари и заедно со плејот Девин Херис и центарот Брук Лопез(исто руки) би имале доста млад, но и надежен тим.


Со овие три супер трејдови конкуренцијаата во НБА станува многу силна. Ретко кога имало вака силни и квалитетни тимови како што се во последно време.

Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0249][20]