Македонија 5-та, Лазаров за бесмртност
27/01/2012 17:12
Македонија 5-та, Лазаров за бесмртност

Македонската репрезентација во драматична завршница ја победи селекцијата на Словенија и го освои 5-то место на Европското првенство, а нашиот капитен Кире Лазаров ја промени историјата.

Сепак херој на нашата репрезентација е Борко Ристовски кој со извонредна одбрана во последните секунди не дозволи натпреварот да замине во продолжение.

Денешниот дуел започна добро за противникот, набрзо Словенците поведоа со 2-0 но потоа нашите момци 10 минути не им дозволија да ја затресат нрежата на извонредниот Борко Ристовски, а во меѓувреме со серија од 5-0 направивме комплетен пресврт и го зедовме водството во наши раце, па не го испуштивме до самиот крај на полувремето.

Словенците во никој случај не се предадоа, предводени од Зорман ја сопираа секоја наша серија и повторно се враќаа во игра за да во игра гол-за гол во самиот финиш Кирил Лазаров не донесе во предност од 16:12 по првите 30 минути.

Вториот дел почна токму онака како што посакувавме, најпрвин со гол на Стоилов, а потоа и со нов нереализиран пенал на Словенците. Сепак потоа противникот направи серија од 5:0, со која стигнаа до водство од 2 гола разлика.

Сепак Темелков и Миркуловски успеаа да ја вратат нашата селекција преку одличните погодоци и исклучување на противничките ракометари за серија од 4-0 на 11 минути пред крајот и водство од 25:22. Трилер завршницата продолжи, 6 натпревари го одигравме така па и во седмиот последните 10 минути момците на Шундовски дозволија противникот да стигне до 1 негатива на 4 минути пред крајот преку слабата одбрана и двата прецизно шутнати пенали од страна на Звижеј.

Миркуловски на минута ипол пред крајот повторно и донесе предност од 2 гола разлика, но веќе во наредниот напад Ангеловски доби 2 минути исклучување, а Звижеј намали на 28:27. Следуваше напад на нашите момци кои не успеавме да го искористиме, а во последниот напад на Словенците, Борко Ристовски херојски го одбрани последниот шут на Доленец за победа на Македонија.


Покрај најголемиот успех во историјата на машкиот ракомет, од денеска Македонија го има и најдобриот стрелец на едно ЕП. Капитен Кирил Лазаров со 8 постигнати голови стана најефикасен играч во историјата на еврошампионатите. Тој со вкуно 61 гол ги помина Олафур Стефансон (Исланд) и Стефан Лобгрен (Шведска) кои имаа по 57 голови на едно ЕП.

Колку Кире е голем спортист и голем човек покажа и веднаш по дуелот со Словенија, кога му беше доделена наградата за најдобар играч од таборот на нашиот состав, но тој со прстот покажа кон голманот Борко Ристовски и му се поклони, за неговите фантастични одбрани и на овој натпревар, пред се последната одбрана на три секунди пред крајот, при резултат 28-27.
Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0342][24]