Портпаролот на Мурињо: Дани Алвеш е магаре
27/01/2012 14:15
Портпаролот на Мурињо: Дани Алвеш е магаре

Портпаролот на Жозе Мурињо го нападна дефанзивецот на Барселона Дани Алвеш, и го нарече магаре. Меѓутоа десниот бек на Барселона веднаш одговори на критиката.

Еладио Парамеш, човекот кој е портпарол на Жозе Мурињо предизвика нови контроверзии на релацијата Реал Мадрид - Барселона со своите последни изјави.

Имено, Парамеш го нападна Дани Алвеш и неговото однесување на последното „Ел Класико“, споредувајќи го Бразилецот со магаре.

„Што е сменето од моментот кога Дани Алвеш дојде во Шпанија. Тој ги оперираше ушите да ги направи помали и почна да носи очила како да е интелектуалец. Сепак, магарето со мали уши и очила не може наеднаш да стане доктор, секогаш ќе биде магаре“, вели Парамеш.

Десниот бек на Барселона веднаш одговори на ваквите коментари.

„Признавам дека потекнувам до бедна и сиромашна фамилија, но имам големо срце кое ми го подари Бог“, вели Бразилецот.


Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0395][24]