Спортскиот директор на Пари Сент Жермен, Леонардо во интервју за француските медиуми прозборе за активностите на клубот на трансфер пазарот и за случајот Тевез.
„Јас разговарав со играчот и тој има проблем со Манчестер Сити. Првиот избор на
Тевез е Милан, што е и логично, но нормално е и ние да се интересираме за него. Ние ја презентиравме нашата понуда но играчот нема да дојде кај нас во јануари бидејќи за договор е потребна согласност од три страни – тој што го продава, тој што го купува и самиот фудбалер“, вели
Леонардо и додава:
„Во моментов ПСЖ не е на нивото на Милан, Барселона Реал и Манчестер Јунајтед. Но има многу играчи кои веруваат во нашиот проект, а ние во иднина сакаме да бидеме на самиот врв од Европа“, заклучи Бразилецот.
Исто така и агентот на Тевез,
Киа Јорабчијан потврди дека играчот нема да се пресели во ПСЖ во јануари, но во случај неговата иднина да не биде решена до летото, тогаш не ја затвора вратата за преселба во Франција.
„Доколку Карлос не замине од Манчестер Сити оваа зима, тој не ја отфрла можноста да се пресели во ПСЖ на лето. Карлос има верба во проектот на ПСЖ“, вели Киа и додава:
„Познато е дека ние одржавме разговор со
Карло Анчелоти, бидејќи тој е еден од најдобрите тренери во светот. Разговарвме и со Леонардо. Париз е опција за нас, но само доколку Карлос не потпише за еден од клубовите во Милано“, потврди агентот на Тевез.