Касерес: Доаѓам во Јуве за да станам шампион
27/01/2012 13:22
Касерес: Доаѓам во Јуве за да станам шампион

Уругвајскиот репрезентативец Мартин Касерес, веќе се наоѓа во Торино каде ги помина медицинските прегледи и сега треба и официјално да стане играч на Јувентус.

Ова е второ негово доаѓање во Јувентус, бидејќи Касерес пред две години една сезона играше за ’старата дама’ како позајмен играч од Барселона.

„Среќен сум што повторно сум тука. Доаѓам во Јуве за да станам шампион на Италија. Тоа што тимот се наоѓа на првото место во Серија А дополнително ме мотивира да го дадам најдобрито од себе си за „бјанконерите“, изјави Касерес.

Уругваецот се очекува да му биде на располагање на Антонио Конте уште овој викенд за натпреварот против Удинезе.
Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0489][26]