
Кливленд и Феникс се договорија за интересна трампа во која Кавс го добиваат Шекил О'Нил, а во “сонцата“ се селат Бен Валас и Саша Павловиќ.
Како што пишуваат американските медиуми тимот од Аризона би требало да го добие и 46-от пик од ноќешниот драфт и плус уште 500 000 долари.
Ова е последниот обид на Кливленд да му обезбеди добри и квалитетни соиграчи на најдобриот НБА кошаркар ЛеБрон Џејмс за најпосле “Кралот“ да освои титула.
Неговиот договор му истекува наредната година, а Њу Јорк е најголем кандидат за негов потпис. По се изгледа договорот со управата е дека само освоена титула може да го натера да остане.
Кливленд имаше најдобар скор сезонава, но налета на Орландо во финалето на истокот и очигледно управата беше незадоволна од настапот на високите играчи во дуелот со “магичните“ и затоа и реши да се засили токму под кошевите.
Илгаускас е веќе ветеран и повеќе практикува шут од дистанца отколку игра под кошевите за разлика од Шек кој доминира во тој дел од рекетот.
Шекил сезонава имаше во просек по 17.8 поени по натпревар и 8.4 скокови и успеа по 15-ти пат на учествува на Ол-стар натпреварот. Има четири шампионски прстена, три како играч на Л.А.Лејкерс и еден со Мајами.
Од друга страна Феникс апсолутно не добива ништо. Само се отвара повеќе простор за доминација на Амари Стадемаер, како и фактот што ќе заштедат околу 4.5 милиони долари наредната година.
Исто треба да размислуваат и за трампа на Стив Неш, бидејќи и тој веќе неможе да пружи партии како во претходните години.