Хонда: Сакам да се преселам во Лацио
27/01/2012 12:45
Хонда: Сакам да се преселам во Лацио

Раководствата на Лацио и ЦСКА Москва веќе подолго време се инволвираме во преговори за трансфер на Кеисуке Хонда, а Јапонецот денес и јавно ја изрази својата желба да се пресели во клубот од Рим.

„Јас сум многу заинтересиран да се преселам во Лацио. Тоа е мојата намера и се надевам дека ќе се реализира. Знам дека преговорите меѓу два клуба во светот на спортот никогаш не се нешто едноставно и дека во секој момент може нешто да се случи и тие да пропаднат. Сепак, јас се надевам на позитивен исход во текот на овој ден“, изјави Хонда.

Двата клуба веќе некое време се во преговори за трансферот на 25-годишниот играч, кој според најавите, би можел да се реализира во следните два дена. Наводно веќе е договорено трансферот да изнесува 12.5 милиони евра, а во трансферната сума би можел да биде вклучен и голманот Хуан Пабло Каризо.
Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0389][19]