Првиот оперативец на Милан, Адриано Галиани потврди дека денеска клубот треба да добие ново засилување во нападот, кој ќе биде замена за Антонио Касано.
„Напаѓачот ќе биде Аргентинец и презимето ќе му завршува на
„З“, а за се останато ќе се знаете вечерва. Во 19:00 часот некој ќе потпише договор“, изјави
Адријано Галијани.
Сега е веќе јасно дека станува збор за
Тевез или
Макси Лопез. Овој вториот е веќе во Милано, и синоќа беше на трибините на Сан Сиро на натпреварот со Лацио, и чека расплет околу ситуацијата со Тевез.
„Останува да видиме што ќе се случи во преговорите со „Граѓаните“. Што се однесува до Макси, тој е одличен играч и се согласи да почека неколку дека бидејќи неговиот сон е Милан. Ако не дојде во јануари, сигурно ќе го земене на лето“, потврди Галиани.
Инаку медиумите во Италија потврдија дека преговорите помеѓу Манчестер Сити и Милан сеуште траат и има приближување на ставувате, а до крајот на денот сигурно ќе се знае дали Тевез ќе се пресели во Милан.