Најинтересниот момент од мечот од Африканскиот куп на нации меѓу Сенегал и Екваторијална Гвинеја ќе се прераскажува уште долго време. Во 86 минута играчот на Гвинеја Нарцис Еканга одглуми прекршок... по подолго време :)
Рака на срце имаше удар за фаул, Еканга падна како покосен, почека неколку секунди да ја види реакцијата на судијата и кога сфати дека нема ништо од неговиот фаул, по некое време почна да се тркала по терен и да глуми потешка повреда на ногата...