Играчот на Милан, Марк ван Бомел никогаш не бил пример за коректност на теренот, но овој пат и тој беше жртва на класичен нокаут.
Холанѓанецот синоќа на натпреварот со Лацио беше нокаутиран од дефанзивецот Андре Диас, кој во еден момент категорично реши да ја има надмоќта на теренот и со бокс од зад грб го сруши на земја Ван Бомел.
Сето тоа остана незабележано од судијата Гервасони и играчот на Лацио не беше ни опоменат за тоа што го напарави, но очигледно Дисциплинската комисија откако ќе ја види снимката ќе го казни Бразилецот.