На тренерот на Наполи, Валтер Мацари му е изречена казна од УЕФА од два натпревари суспензија, поради исклучувањето на натпреварот против Виљареал, што значи дека Италијанецот нема да го води Наполи на натпреварите против Челзи.
Имено,
Мацари беше исклучен на последниот натпревар од ЛШ, бидејќи го турка бутна
Нилмар кој задржуваше време, а после инцидентот стратегот се извини и призна дека неговата реакција била избрзана.
„На почетокот на следната недела ќе доставиме жалба. Се надеваме дека казната најмалку ќе биде редуцирана на еден натпревар суспензија. Ќе се обидеме да докажеме дека однесувањето на Мацари не беше агресивно“, изјави адвокатот
Матија Грасани.