Македонските ракометари во борба за петто место и олимписки квалификации
27/01/2012 10:27
Македонските ракометари во борба за петто место и олимписки квалификации

Македонската ракометна репрезентација денеска ќе ги спротивстави силите со словенечката репрезентација во борба за петто место на Европскиот шампионат и место за олимписки квалификации.

Денеска од 15,15 часот силите ќе ги одмерат двете репрезентации во борба за петтото, односно шестото место на Европското првенство кое се одржува во соседна Србија.

Овој историски успех на Македонија следи по победата над Чешка, Полска и домаќинот Србија, ремито со Шведска и поразот од Германија и Данска.

Доколку нашата репрезентација успее да ги совлада Словенците, во тој случај добива можност за квалификации на Олимписките игри во Лондон.

Капитенот на македонските ракометари, Кире Лазаров, во интервју за „Европската ракометна федерација“ истакнува дека сонот на репрезентацијата се токму Олимписките игри на кои се надеваат дека ќе ги бранат боите на Македонија заедно со македонските кошаркари кои го освоија четвртото место на Европското првенство што се играше лани во Литванија.

Лазаров на ова првенство има можност да биде најдобриот стрелец на сите Европски првенства, а со актуелните 53 погодоци е најкорисен играч на натпреварувањето на стариот контитент.

Според најавите на Агенцијата за млади и спорт, ракометарите за постигнатите успеси ќе добијат награда од по 10.000 евра.

Во полуфиналето денеска силите ќе ги одмерат домаќините против Хрватите како и нашата ’лута рана’ Данците против репрезентацијата на Шпанија.
Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0435][20]